Анкети: Харис ја зголеми предноста пред Трамп

Кампањата на Камала Харис вчера објави дека досега собрала 540 милиони долари во изборната трка против републиканскиот ривал Трамп

Претседателската кандидатка на демократите Камала Харис води пред републиканецот Доналд Трамп со 45 отсто наспроти 41 отсто во анкетата на Ројтерс/Ипсос, која покажа дека актуелната американска потпретседателка предизвикала обновен ентузијазам кај гласачите и ја обновила трката пред изборите на 5 ноември.

Предноста од четири процентни поени меѓу регистрираните гласачи е поголема од предноста од еден поен на Харис пред поранешниот претседател во анкетата на Ројтерс/Ипсос кон крајот на јули. Новата анкета покажа дека Харис добива поголема поддршка меѓу жените и Хиспанците.

И најновата анкета на весникот „Волстрит журнал“ покажува дека Харис има предност пред републиканскиот ривал Доналд Трамп пред изборите во ноември.

Според оваа анкета, Харис има поддршка од 48 отсто од гласачите, додека Трамп го поддржуваат 47 отсто.

Кампањата на Камала Харис вчера објави дека досега собрала 540 милиони долари во изборната трка против републиканскиот ривал Трамп.

Кампањата соопшти дека има зголемување на донациите за време на минатонеделната Демократска национална конвенција во Чикаго, каде што Харис и нејзиниот кандидат, гувернерот на Минесота, Тим Волц, ги прифатија номинациите, пишуваат француските медиуми.

Кампањата на Трамп претходно овој месец објави дека во јули собрала 138,7 милиони долари, а на почетокот на август имале 327 милиони долари во готовина.

- Реклама -