Дури 48 проценти од младите во Македонија сакаат да работат во државна администрација.
Иако секоја година се повеќе и повеќе студенти се запишуваат на факултет, вработување нема за секој дипломиран, независно од тоа која е нивната желба и колку знаење имаат, покажуваат резултатите од анкетата која ја спроведоа Факултети.мк
Според истата на прашањето „Во која македонска компанија би сакале да работите?” одговорот го дадоа речиси 3.000 лица.
На прашањето дали би сакале да работите во приватна компанија или во државна администрација, одговорите се поделени. Речиси половината од анкетираните, односно, 48 проценти сакаат да работат во државна администрација, наспроти 52 отсто кои сакаат да работат во приватни компании.
Анкетата била спроведена во период од 26-ти октомври до 5-ти ноември.
Резултатите се следни
T-mobile 11%
Алкалиод 10%
Т-home 7%
Пивара Скопје 5%
Мепсо 5%
Макпетрол 5%
Електрани на Македонија 5%
Комерцијална Банка 4%
НЛБ Тутунска Банка 4%
Џонсон Контролс 4%
Џонсон Мети 3%
Систина 3%
Стопанска Банка 3%
Нетцетера 2%
Microsоft 2%
VIP 2%
Фершпед 2%
Лукоил 2%
Шпаркасе 2%
ОНЕ 2%