Анкета: СДСМ сигурно победува во Крива Паланка, 69% се задоволни од работата на Николовски

Според резултатите од најновата анкета спроведена од агенцијата за испитување на јавно мислење – „Рејтинг“, на локалните избори СДСМ сигурно ќе однесе победа во Крива Паланка, пренесува „Фокус“.

Од вкупно 400 анкетирани со методот „лице в лице“, 50.1% одговориле дека работите во општината се одвиваат во правилна насока, за разлика од 42.8% кои го сметаат спротивното. Во поглед на идното локално раководство, меѓутоа, 35.8% од испитаните сметаат дека со клучните проблеми во општината подобро ќе се справи градоначалник од СДСМ, за разлика од 20.1% кои сметаат дека подобар избор би бил градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку локалните избори би се одржале утре, 37.7% од испитаните рекле дека ќе гласаат за СДСМ. За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 25.9%, за Левица – 2.2%, а за некоја од другите партии – 1.2% од анкетираните. За разлика од нив, 19% одговориле дека се неопределени, а 8.8% се изјасниле дека нема да гласаат.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

Истражувањето на јавното мислење од страна на „Рејтинг“ покажува и голема поддршка од граѓаните, барем кај анкетираните, за генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер за борба против корупцијата – Љупчо Николовски. Дури 69% од испитаниците, наспроти 25% кои го сметаат спротивното, рекле дека се целосно или главно задоволни од неговата работа. Подетално ТУКА.

- Реклама -