АНКЕТА НА МЦМС И „СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС“: СДСМ 22,1 %,..

СДСМ е во водство од речиси 2 процентни поени пред ВМРО-ДПМНЕ на најновата анкета на Македонскиот центар за меѓународна соработка и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“.

На прашањето „доколку утре се одржат парламентарни избори за која политичка партија би гласале“, 22,1 отсто од анкетираните се изјасниле за владејачката СДСМ, со што партијата има благо водство пред опозициската ВМРО-ДПМНЕ за која рекле дека ќе гласаат 20,4 проценти од испитаниците. На третото место е ДУИ со рејтинг од 6,6 отсто, пред Алијансата за албанците со 2,6 проценти, Левица со 1,7 отсто, БЕСА со 1,5 проценти, ДПА со 0,9 отсто и алтернатива со 0,8 проценти. Два отсто од анкетираните во истражувањето изјавиле дека ќе гласаат за некоја друга партија.

- Реклама -