Малата Ања Ветерова која ги освои срцата на помалите со својот детски хит „Еоо Еоо“ сега порасна во млада дама која триумфираше на престижниот фестивал Сан Ремо.
Според инфорамциите од Македонскта музичка мрежа Ања триумфираше на престижниот музички фестивал Сан Ремо, освојувајќи го првото место и Гран При на четвртиот по ред Сан Ремо Јуниор.
Ања настапи со темата Because you loved me од репертоарот на Селин Дион, и беше придружувана од оркестар составен од 17 музичари, кои, се разбира, свиреа во живо. Уште на првата проба, овие врвни музичари, кои се дел од големиот оркестар на Сан Ремо, беа воодушевени од македонскиот талент.
На фестивалот се натпреваруваа две групи солисти и инструменталисти, кои, пак беа поделени во три групи – Солисти А1 (од 8 до 10 години), каде имаше пет деца, потоа А2 (11 и 12 години), каде имаше осум деца и А3 (од 13 до 15 години), каде имаше 10 деца, од кои 4 од Италија, 2 од Украина, и по едно од: Македонија, Романија, Казахстан и Малта. Истото беше и со инструменталистите, каде настапија четири деца во две групи. Во секоја група имаше прво, второ и трето место, а за 23 деца солисти беше резервирано само едно Гран При кое заслужено се најде во рацете на Ања, пишува МММ.