„Џастин Теру е најдоброто нешто што ми се случило“, изјави 46-годишната актерка Џенифер Анистон.
Ѕвездата од серијата “Пријатели” е во врска со три години помладиот Теру од 2011 г .
Таа признава дека да ја пронајдеш среќата во лицето на човек како него е најубавото нешто што и се случило.
На прашањето што е она што ќе го запамети како најдоброто во последните години, актерката категорично одговори:
„Џастин. Тој е најпрекрасното нешто од последната деценија на мојот живот “, изјави ѕвездата.
Актерката додаде дека се сеќава на моментот кога го видела за прв пат.
„Тој беше облечен од глава до пети во црно и јас само се загледав во него”, раскажа Анистон.
Ѕвездата признава дека била шокирана од убавината на вереничкиот прстен, со кој Теру побарал да се ожени со неа.