Едгар Алан По е креатор на многубројни дела кои немаат смрт.
Не само што неговите приказни и песни се раскажуваат и денес во 21-от век, туку истите добија и стотици адаптации кои се создадени по смртта на авторот.
Многумина ќе се запрашаат покрај толку филмски адаптации, од актерски и режисерски икони на класичниот хорор филм, дали ни е потребна уште една? Одговорот останува на вас, а ние ви го пренесуваме трејлерот за новата адаптација на антологиските приказни на По, низ призмата на аниматорот Раул Гарсија.
Една од причините зошто овој нов анимиран пристап успева добро е тоа што во голема мерка се наслонува на режисерскиот и актерски талент токму на оние кои се сметаат за пионири во раскажување на класичините дела на Едгар Алан По. На пример, за нарација во филмот „Падот на куќата на Ашерови“ е заслужен големиот Кристофер Ли, кој и се придружи на хорор легендата Винсент Прајс, како еден од најголемите и најдобри изведувачи на Едгапоровата поема „Гарванот“.
Гарсија на секој елемент и лик им дал единствен изглед. На пример, за Падот на куќата на Ашерови: „Идејата беше сите ликови да изгледаат како да се направени од дрво, како да се фигури на чешкиот аниматор Јуриј Тринк“.
Подоле можете да видите снимка од Едгаровата помалку позната приказна „Факти за случајот на господин Валдемер“. Станува збор за морничава детективска приказна за човек затечен во хипнотизирана состојба во момент на смрт.
Ако ништо друго, во филмот на Гарсија “Extraordinary Tales”, кој ги опфаќа приказните Падот на куќата на Ашерови, Предавничко срце, Факти за случајот на господин Валдемер и Маската на црвената смрт, сигурно ќе уживате во гласовните способности на прославените великани на хоророт: Винсент Прајс, Роџер Корман, Гилермо дел Торо, Бел Лугошиј, Џулијана Сандс и Кристофер Ли.