На денешната прес-конференција на која вицепремиерот Кочо Анѓушев зборуваше за тоа како германските искуства ќе се пренесат во економскиот развој на Македонија, тој на двапати го утна новото име на државата, па рече „Република Македонија“.
Премиерот Зоран Заев, кој стоеше веднаш до него, првиот пат го поправи и широко се насмеа, но вториот пат, можеби во улога на добар учител, остави ученикот сам да ја воочи грешката и сам да се поправи. Анѓушев, пак, како добар ученик, на крајот два пати нагласи „Република Северна Македонија“, веројатно смирувајќи ги страстите на барем неколку накострешени Грци.