Без оглед каков ќе биде исходот на изборите, по нив вицепремиерот Кочо Анѓушев ќе се повлече од политиката и ќе се врати на професорувањето на Машински факултет, но пред сѐ, повторно ќе се посвети на своите компании.
Во „Топ Тема“ на „Телма“, каде и го најави повлекувањето, Анѓушев откри дека една од причините е што неговите најчесни намери – со своето знаење да ѝ помогне на државата – не секогаш наидувале на добар прием кај граѓаните.
Друга причина, истакна, е големиот пад на приходите и профитите на неговите компании во овој период додека е дел од Владата, некаде и до 50%. Тоа, рече Анѓушев, се должи и на неучеството на неговите компании на тендерите, но и на неговото лично отсуство од нивното работење.
Извор: Фактор.мк