Анѓушев не знае колкава му е платата, целата ја донира

„Знам дека имаше иницијатива од Здружение или партија, не знам веќе што е, Левица, која постави прашање зошто постојат потпретседатели на Владата, бидејќи постои некаква неусогласеност. Уставниот суд одлучи дека треба да се усогласат називите на потпретседаелите, во заменици на Владата. Не можам да ви одговорам на прашањето бидејќи не знам, но вие сакавте да имплицирате дека сме се бореле за поголеми примања. Јас можам да кажам дека никој не се борел, а јас не се ни интересирам од проста причина, што не и е познато на јавноста, но јас мојата плата како ја земам комплетно целата ја донирам, при што внимавам да има етничка застапеност и да бидат опфатени сите градови во Македонија. Не знам колкава ми е платата, а уште помалку имам намера да се борам да се зголеми. Ова не сум го зборел јавно, бидејќи ценам ако некој нешто прави, треба да прави од душа, а не заради пи-ар“, ѝ одговори вицепремиерот Кочо Анѓушев на пратеничката од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ – Нола Исмајлоска-Старова, околу тоа дали е точно дека вицепремиерите сакаат да ги зголемат своите плати, поточно коефициентот за платата на Замениците претседатели во Владата на Р.М.

Одговорот на Исмајлоска-Старова прочитајте го на Фокус.мк.

 

- Реклама -