iPhone апликација која е копија на традиционалниот стетоскоп, деновиве ја заменува оваа направа во многу болници во Велика Британија.
iPhone апликација која е копија на традиционалниот стетоскоп, деновиве ја заменува оваа направа во многу болници во Велика Британија.
iStethoscope првично е креирана од Питер Бентли од University College во Лондон, како тест за технологијата на Apple. Сега, по милиони преземања на апликацијата, илјадници доктори околу светот ја користат за да ја заменат направата која до вчера ја користеле.
Еве како таа работи: докторот го притиска микрофонот од телефонот на телото на пациентот, односно неговиот срцев пулс, додека во Ајфонот се снимаат звуците, по што се креира фонокардиограф и спектограм.
{youtube}IVDLS6DAT98{/youtube}
Сепак, како да постои еден мал проблем. Ако телефонот заѕвони за време на прегледот, пациентот би можел да доживее срцев удар! Но добро, барем ќе има доктор во близина за да го врати во живот. [iStethoscope Pro support page]