Англиски милијардер го враќа Land Rover Defender-от во живот

Според Autocar, англискиот милијардер и луд фан на легендарниот модел на Land Rover, Џим Ретклиф, сака да го прероди производството на Defender кое заврши оваа година.

72427524-8187-4a01-bac6-7783d3abdf22[1]

Тој веќе е во преговори со извршните директори на Jaguar Land Rover, но детали за тоа дали може да ги купи правата за производство, или склопување, или пак двете, не се истакнуваат. Прашањето за пренесувањето на права бара премногу сложена и обемна бирократија, која не знаеме дали ќе може да се реализира толку брзо и дали целата работа како прво ќе добие зелено светло. Но, најголем проблем во сето ова, по се ќе бидат пред се стандардите за екологија и издржливост на каросеријата. Слична беше и причината за прекинот на производството на моделот, бидејки од компанијата едноставно не гледаа смисла во развивањето на моделот за во иднина. Последните серии од моделот беа наменети главно за колекционери и фанови, а такви во светот има многу и тоа генерации од нив. Ретлиф е еден од овие последните купувачи, кои ја имаат  финалната серија.

Од компанијата најавија нов наследник на моделот, но тој нема да има ништо заедничко со еден од најкласичните и најпосакуваните офроудери во светот, кој остана со непроменета форма од околу 70 години.

Автоплус

- Реклама -