Англија за нецели две минути му даде два гола на Велс – мајсторија на Рашфорд! (ВИДЕО)

Англија за нецели две минути му даде два гола на Велс во првите пет минути од мечот за да стави печат на првото место во групата Б на Светското првенство во Катар.

Сѐ почна со мајсторијата од слободен удар на Маркус Рашфорд во 50-та минута, а неполни две откако Велс после радоста тргна од центарот, стрелецот украде топка, Хери Кејн асистираше, а Фил Фоден само рутински погоди за огромно водство.

Англија со првото место кое со водството им е сигурно, го чекаат САД или Иран за противник во осминафиналната рунда.

- Реклама -