Англија и Франција ремизираа, Шевченко маестрален против Шведска (видеа)

Во првото коло од последната група Д на Европското првенство, фудбалските гиганти Англија и Франција одиграа крајно претпазливо, додека легендарниот фудбалер на Украина Андреј Шевченко со маестралната изведба успеа да ги запре Швеѓаните.

Мега дуелот од групата Д меѓу Англија и Франција заврши со реми 1:1. Англичаните отворија со голот на Лескот, но брзо возврати Насри. „Триколорите“ имаа повеќе од играта, се обидоа да стигнат и до триумф, меѓутоа гордиот Албион со Рој Хоџсон на кормилото сè уште не знае за пораз. Фаворитите шансата за пласман во следната фаза ќе ја бараат на наредните натпревари – овојпат беше најважно да не се загуби.

{youtube}HwwzcffShKQ{/youtube}

Кодомаќинот на ЕП 2012, репрезентацијата на Украина славеше со 2:1 против Шведска во својот премиерен меч на европските првенства, а двоен стрелец беше легендарниот напаѓач Андреј Шевченко. Иако е на прагот да наполни 36 години, популарниот Шева ја крена на нозе цела Украина и на свои плеќи го изнесе триумфот на националниот тим против Швеѓаните.

{youtube}BJceLt-BRNw{/youtube}

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -