Ангелова: Со 50 милиони евра за општините ги покривме долговите останати од режимот

На претстојните локални избори, СДСМ ќе има најдобра кадровска и програмска понуда, најави пратеничката од владејачката партија – Марија Ангелова, на трибината во Кочани.

Како што истакна Ангелова, пронајдена е најдобрата формула во корист на граѓаните, а тоа е централна власт предводена од СДСМ која е максимално посветена на граѓаните, додека во случајот со Кочани – и исклучително квалитетна локална власт.

„На општините им ставивме на располагање 3 милијарди денари, или 50 милиони евра, за покривање на заостанатите долгови што беа резултат на владеењето на режимот“, изјави Ангелова, потенцирајќи дека во општините со кои раководи СДСМ, во изминатиот период целосно се реализирани над 7.000 проекти. Од вкупно ветените во програмите, 4.550 проекти, односно 41% – се завршени, а над 2.300, односно 22%, се во тек, додаде таа.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

„Ве повикувам заедно да ја испишеме програмата за наредните локални избори. Затоа што ние заедно со граѓаните ги креираме мерките и политиките што гарантираат развој и напредок. Сето она што Вие ќе го побарате ќе биде анализирано, а она што е реално и остварливо, ќе биде реализирано со сигурност“, порача пратеничката на СДСМ, оценувајќи дека сега Кочани заликува на вистински европски град, а што се должи на добрата соработка на локалната и централната власт.

- Реклама -