Ангелов: Војната од 2001 година беше апсолутно непотребна, Албанците и онака ќе ги добиеја правата за коишто наводно се бореа тогаш

Војната од 2001 година беше апсолутно непотребна, 23 години подоцна, по којзнае кој пат, повторно го кажувам мојот јасно изразен став, порача денеска генерал Стојанче Ангелов од Достоинство на годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор и додаде дека Албанците секако ќе ги добиеја правата за кои наводно се бореа во 2001 година.

Нагласи дека споменот на сите загинати македонски херои ќе остане да живее се додека се живи преживеаните бранители од 2001 година.

-Не постои ниту еден разумен аргумент со кој може да се оправдаат убиствата, сакатењето, психичките трауми, на припадниците на македонските безбедносни сили, но и на многумина цивили, како и разурнувањето на дел од нашата татковина во 2001 година. Албанците ќе ги добиеја правата за коишто наводно се бореа во 2001 година, и без војна, можеби малку подоцна, но државата немаше да биде разурната, немаше да има убиства и масакри, и немаше да има драстично влошување на меѓуетничките односи и развивање на меѓуетничката омраза, изјави Ангелов.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

Нагласи дека материјалната штета постепено е надоместена, но, додаде, човечките животи, загубените човечки животи, никогаш нема да се вратат.

-Ранетите до ден денес живеат со своите рани, трауматизираните со своите трауми, посочи Ангелов.

Од 2001 година наваму, како што кажа, некои од Албанците ја користат позитивната дискриминација кој им ја овозможува Охридскиот рамковен договор, но за жал, посочи, некои од нив повеќе се заинтересирани за остварување на некои лични права и бенефити, отколку за исполнување на обврските кон државата.

-Затоа силно се залагам за укинување на позитивната дискриминација особено на етничкиот балансер. Најдобро за државата, но и за сите нас е граѓаните да се вработуваат и да напредуваат според нивното образование и професионални квалитети, а не според нивната етничка припадност, посочи Ангелов.

- Реклама -