Десетте тајни на ангелите на Викторија

Стилската, но сепак достапна за повеќето долна облека со потписот на Victorias’s Secret веќе долго време е дел од парчињата што секоја жена сака да ги поседува, а речиси секоја девојка барем еднаш си помислила како би било ако е на место од кој било од ангелите на Викторија.

Во продолжение прочитајте ги, често екстремните, трикови кои сегашните и минати ангели ги практикуваат.

Жизел Бундхен

Највисоко платената моделка во светот заработува со држење диета без шеќер, алкохол и со јадење месо само еднаш во 15 дена. Таа тренира боречки вештини и вежбаше кунг фу само две недели пред да го роди синот Бенџамин. Кога зборува за нејзината строга диета и режимот на вежби, 32-годишната Бразилка вели дека без оглед што ќе направи, секогаш има решение. Не се плаши од напорна работа, без разлика за што станува збор. Таа сака секогаш да биде најдобра што може.

Дуцен Крус

Оваа холандска манекенка живее со диета без јаглехидрати и без шеќери во исхраната, вежба бокс, скока на јаже и трча по нејзиниот мал син.

– Вежбам бок, скокам и трчам за да го задржам задникот подигнат. Имам одличен тренер и многу сум среќна поради тоа. Но, исто така, тоа е мојата работа. Еве, споредете го ова што јас го правам со некој кој оди на работа во канцеларија секој ден. Јас едноставно морам да изгледам вака – вели Крус.

Адријана Лима

Лима е искрена во врска со напорната работа која е потребно да се сработи за да се биде еден од ангелите на Викторија. Во периодот до годишната ревија, таа работи со личен тренер двапати дневно, а девет дена пред шоуто таа не смее да внесува дури ни протеински шејкови и течности. 12 часа пред ревијата престанува со пиење во целост. Вели дека не внесува никакви течности, дехидрира, а понекогаш губи по 8 килограми само од тоа. Кога не се подготвува за модна ревија јаде многу протеини, и храна без јаглехидрати и шеќери.

Кендис Свoнпоел

Русокосата Кендис, исто така, признава дека јогата и вежбите со бокс ги дуплира во периодот пред шоуто на Victoria’s Secret (од три пати неделно во секој ден). Но 23-годишниот модел инсистира да го јаде тоа што сака користејќи строга контрола на порциите, оброкот ќе има онолку храна колку што може да собере во нејзината дланка, за да ја задржи својата фигура.

– Кога бев помлада храната повеќе влијаеше на мене, ја чувствував дури и на моето лице. Како што стареам, можам да јадам што сакам. За да се чувствувам здраво внесувам многу зеленчук, пијам мнпгу вода и јадам месо, затоа што е добро за обликување на мускулите – вели таа.

Хајди Клум

Хајди беше еден од ангелите кои најдолго останаа на модната писта, и повторно се врати во форма два месеци по раѓањето на нејзиното четврто дете во 2009 година, носејќи на себе само сребрен градник и колан, благодарение на вежбите кои ги практикувала два пати дневно.

Нејзината фигура ја одржува така што избегнува преработена храна, и јаде овошје и зеленчук со секој оброк.

Миранда Кер

Австралијката Миранда е уште едно „чудо од мајка“. Вежбала јога за време на бременоста за полесно да се врати во форма по пораѓањето. Таа исто така се држи до диетата со исхрана според крвната група и избегнува месо најмногу што може.

– Јас сум крвна група А и се исхранувам специјално според потребите. Пијам филтрирана вода, јадам главно свежи производи и многу малку месо. Мислам дека е важно за еден супермодел да ја дополни својата исхрана за телото да остане здраво – вели Кер.

Алесандра Амбросио

Бразилската мајка на две деца вежба пилатес и јога три пати неделно и интензивно оди на часови за подигнување на задникот предводени од нејзиниот личен тренер. Алесандра вели дека не е тешко да се остане во форма. Мисли дека сега е во подобра форма, отколку што била пред 10 години, но платила за тоа.

Карли Клос

Карли е веќе еден од најбараните модели во индустријата, а Американката вели дека тоа што е спортски тип ја одржува во добра форма.

– Спортски тип сум, атлетски, и отсекогаш сум била. Додека растев ги испробав сите можни спортови. Учев класичен балет и танц со години, и продолжив да бидам активна. Дали трчање, возење велосипед, танцување, пливање, не е важно. Само секогаш да сум во движење – нагласила таа.

Ерин Хедертон

Русокосата 23-годишна Ерин се придржува до диета во која нема глутен во исхраната. Го следи примерот на супермоделот Синди Крафорд, според кој најважно е што се јаде. Но, Клос си дозволува и „слободни денови“.

– Обожавам риба и пилешко, а понекогаш јадам и сланина. Вежбам и се исхранувам правилно, па можам да си дозволам понекогаш и да се опуштам – вели таа.

Линдзи Елингсон

Таа сака да ја одржува рутината за вежбање, но и да ја направи што е можно позабавна, па посетува и часови по хип-хоп танцување во локалната сала.

– Танцував 10 години. Кога станува збор за вежбање, не сакам ништо што е премногу сериозно. Сакам чизбургер и можам да се занесам по слатки како пита од јаболко или темна чоколада. Во такви случаи, земам неколку бонус часови вежбање – нагласила Линдзи. [As Victoria’s Secret lands in the UK, we reveal how YOU can look like an Angel with the top ten diet and fitness tips of the world’s hottest lingerie models]

- Реклама -