Обожавам фотографии од ангелите на Victoria’s Secret со нивните најмили.
Ги имаат најубавите тела во светот, а имаат родено и по две деца. Тајната е во напорното вежбање и правилната исхрана.
Меѓу вежбањето и работата, тие наоѓаат време и за нивните дечиња.
32-годишната Бразилка Алесандра Амбросио има две деца, ќерката Ања, 5, и синчето Ноа кое има една година. По вежбањето пилатес, Амбросио практикува прошетка со дечињата.
Австралиската манекенка Миранда Кер има едно дете. Таа заедно со актерот Орландо Блум го има синчето Флин. 30-годишната Кер додека е во Њујорк обожава да се забавува со син и во Централ Парк.