Германската канцеларка Ангела Меркел доби повеќе пофалби за своето објаснување како се шири коронавирусот, колку брзо може да го оптовари здравствениот систем и зошто е тешко да се одреди кога е вистинското време за укинување на ограничувањата.
Меркел, која има докторат од квантна хемија, објасни дека мерките за социјално дистанцирање донеле „кревок успех“ и помогнале во „израмнувањето на кривата“. Таа додаде дека мерките ќе останат на сила барем до 3 мај, но дека некои продавници и фабрики би можеле да се отворат следната недела.