Анџелина го извади свршеничкиот прстен!

Во текот на посетата на Африка актерката е забележана без дијамантскиот прстен од Бред.

Анџелина Џоли во рамки на уште една хуманитарна акција ја посети Африка во текот на овој викенд, а интересно е тоа што во текот на посетата го извадила скапоцениот свршенички прстен што лани го доби од Бред Пит. На негово место ставила едноставен златен прстен.

Инаку, свршеничкиот прстен го дизајнирал самиот Бред Пит, а неговата изработка траела една година. Прстенот вреди повеќе од половина милион долари.

- Реклама -