Google ги претстави таблетот Nexus 7, Android 4.1 и многу новини (видеа)

Појавата на првиот таблет на Google беше долгоочекуван настан. Компанијата најпосле реши да ги задоволи своите корисници со Nexus 7 кој работи на Android 4.1 (Jelly Bean), претставен на Google I/O. На конференцијата беа претставени повеќе интересни новитети.

Техничките спецификации на Nexus 7, како што пишувавме и претходно, најпосле беа и официјално потврдени:

  • 7″ 1280×800 IPS дисплеј
  • Quad-core Tegra 3 процесор
  • 1GB RAM
  • Мали димензии и тежина: само 340 грама
  • предна камера
  • Wi-FI, Bluetooth, NFC
  • 4325mAh батерија која подржува 9 часа видео плејбек и 300 часа стендбај време
  • Android 4.1 (Jelly Bean)

Еден забаележителен аспект е фактот што таблетот користи интерфејс сличен на оној кај телефоните наместо Android интерфејс оптимизиран за таблет. Оваа одлука е очигледна за секој што користи седум инчен таблет: таблет интерфејсот е оптимизиран за направи со дисплеј над десет инчи.

{youtube}YMQdfGFK5XQ{/youtube}

Она што е највпечатливо кај производот е цената. Верзијата со 8GB меморија ќе чини само 199 долари додека онаа со 16GB има цена од 249 долари. Ова ја прави директен конкурент на Amazon Kindle Fire. Google веќе прима нарачки и ќе започне со испраќање на производот во САД, Британија, Канада и Австралија во средината на јули.

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

Дизајниран за реализирање на визуелното искуство, Nexus 7 е оптимизиран за гледање филмови, играње видео игри и читање книги и е-магазини. Купувачите со производот ќе го добијат и филмот Transformers: Dark of the Moon како и неколку списанија како Popular Science и Food Network и кредит од 20 долари за Google Play.

Android 4.1 (Jelly Bean)

Nexus 7 работи на Android 4.1 Jelly Bean кој воведува неколку промени. Интерфејсот е пофлуиден благодарение на Project Butter, скрол функцијата е многу побрза а транзиции и анимации изгледаат подобро.

Android 4.1 го намалува задоцнувањето по допирот не само со синхронизација на допирот со vsync темпирање, туку и со предвидување на локацијата на вашиот допир.

- Реклама -