Андријана Јаневска потпиша договор со светската филмска компанија Warner Bros


Еден од најдобрите женски вокали на македонската музичка сцена кај нас, Андријана Јаневска преку социјалните мрежи сподели убава информација поврзана со нејзината кариера. Пејачката оствари значаен успех на меѓународно ниво со потпишување на договор со светската филмска и забавна компанија Warner Bros.

„Потпишав договор со светската филмска копанија Warner Bros. Учествував како вокал на официјалниот саундтрак на видеоиграта Mortal Kobat 1. Ми претставува огромна чест што имав можност да работам на ваков врвен проект“, изјави Јаневска.

Warner Bros е основана во 1923 година од четворица браќа, Хари, Алберт, Сем и Џек Ворнер. Компанијата се етаблира како лидер во американската филмска индустрија пред да се диверзифицира во анимација, телевизија и видеоигри и е една од главните „Big Five“.

Оваа компанијата е позната по својот оддел за филмско студио, „Warner Bros. Motion Picture Group“, која ги вклучува Warner Bros. Pictures, New Line Cinema, Warner Bros, Pictures Animation, Castle Rock Entertainment, DC Studios и Warner Bros. Bugs Bunny, лик создаден за серијата Looney Tunes, која е официјалната маскота на компанијата.

- Реклама -