Андријана Будимир нова тренерка на женскиот ракометен клуб Војводина

Женскиот ракометен клуб Војводина официјално ја објави информацијата дека нов тренер на првата екипа ќе биде Андријана Будимир.

Поранешната европска шампионка со Кометал Ѓорче Петров со задоволство го прифати предизвикот и ќе го води тимот во следната сезона.

Од новиот клуб упатија топло добредојде, со надеж за успешна соработка и постигнување на извонредни резултати.