Андоновски: Преку евтин етнонационализам, ДУИ сака да сокрие дека е долар партија

Во вечерашното гостување на Алфа ТВ, во емисијата „За или против“, дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, говореше за изборите кои што ќе се одржат оваа година, коментирајќи дека единствениот избор оваа година е повеќе од јасен, а тоа е глас за кандидатот за Претседател на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова.

Андоновски истакна дека Силјановска е успешен човек и почитуван низ светот, додека од другата страна ги имаме Пендаровски и Османи. „Пендаровски изминатите 5 години човекот ниту нешто има спроведено, ниту пак задржа еден конзистентен став. Таков беше ставот за уставните измени со Бугарија. Велеше дека не постои човек кој ќе гласа уставни измени, за потоа да рече дека тој бил авторот на Францускиот предлог и дека треба да се гласаат уставните измени“, потенцираше Андоновски.

За Бујар Османи, Андоновски искоментира дека имал интересна препорака, а тоа е ветинг за политичарите од меѓународен борд, кој би определил дали тие смеат да се занимаваат со политика или не. „Ме интересира дали Рамиз Мерко ќе биде сертифициран политичар или не, или пак, Исмаил Јаховски, познат како „Пуцко Петрол“ или пак Крешник Бектеши и Артан Груби.“ Андоновски коментираше дека најверојатно се работи за внатрепартиска битка на Османи, затоа што сака да се заштити од својата конкуренција и да остане во раководството на ДУИ. „Не гледам како ќе се сертифицираат, кога членови на нивната партија и коалицијата се на црна листа на САД“, дециден беше Андоновски.

„Османи со голема самодоверба зборува дека е Претседател на половина свет, дека ја внесол Македонија во НАТО, дека бил автор на клучните договори. Човекот како лекар си зема преголем кредит што претходната Влада на Ковачевски и Џафери, кои што сите работи тој си ги презема дека ги направил, значи било “one man show“, појасни Андоновски.

Андоновски говореше и за лошото владеење на ДУИ во државните институции, каде што е јавна тајна дека треба да платите за да добиете еден обичен документ кој ви следува како граѓанин. Меѓутоа, според Андоновски, ова е одлика на политиките на Османи и ДУИ, кои што не се во интерес на државата. „ Кога Османи зборува за борба против корупција, мислам дека тој зборува за неговите луѓе кои што се корумпирани и се на првите линии во државните институции“, истакна Андоновски.

Според Андоновски, решението за проблемите со ситната и крупната корупција е во дигитализацијата на процесите, на кои ДУИ се спротиставува.

Андоновски: Преку евтин етнонационализам, ДУИ сака да сокрие дека е долар партија

„Во декември се прави пресек на вработените во администрацијата и бројката тука е иста како изминатите години, дури и намалена за 200-300 луѓе. Но, во јануари почнуваат процеси на вработување на 2700 луѓе, со што е јасно дека бројот на администрацијата расте, а не опаѓа. Ова се случува на еден незаконит начин, преку информација на Влада, се задолжуваат институциите во најкус рок, да дадат исклучиво позитивно мислење за вработување, на луѓе кои што биле на било каков начин ангажирани“ , изјави дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски, на гостување на емисијата „За или против“ на Алфа ТВ.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

Андоновски констатираше дека кога ја преземал функцијата заменик министер на МИОА, затекнал една хистерија во министерството и трка со времето, за до 14 февруари да се завршат овие вработувања, за да можат да се уценат сите тие 2700 луѓе да донесат по 10 луѓе да гласаат за нив.

Андоновски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има поразличен пристап, од овој што беше до сега на моменталната власт. Беше дециден дека ќе има одговорност за луѓето кои што направиле кривично дело или дисциплински престап во институциите. ВМРО-ДПМНЕ нема да навлезе во политички реваншизам кон вработените кои што се поддржувачи на другите партии, како што правеше своевремено Зоран Заев.

Андоновски го коментираше апсурдниот аспект на употребата на балансерот при вработувањата.

“Имаме намалување на процентот на Македонци вработени во јавната администрација за 5% и зголемување на процентот на сите останати. Бројот на Македонци се намалил за околу 5000 луѓе, а во исто време сите останати пораснале над процентот кој што го дозволува цензусот. Во министерството за политички систем, 95% од вработените се Албанци, а помалку од 1% се Македонци.“, истакна Андоновски.

“Балансерот треба да замине во историјата, тоа е мој и став на партијата, и е интересно дека ова поттикна етнонационална хистерија кај Бујар Османи. Од зелена партија кон партија која што фрла анатеми кон ВМРО-ДПМНЕ, дека е против Албанците и другите етнички заедници, и тоа го прави на најбрутален можен начин, додека блиски луѓе до Османи и ДУИ се богатат на сметка на сите луѓе во нашата држава“.

“Бујар Османи и самиот сакаше да го изигра балансерот. Ова ДУИ не го прави затоа што е зелена партија, не го прави затоа што е партија на Албанците, Турците, Бошњаците и другите. Ова го прават затоа што е долар партија. Ова е партија која што единствено ја интересираат финансиите. Со секое место кое што е предвидено за Албанец во институција која што ја раководи ДУИ, е место за ДУИ, кое што ДУИ го трампа за пари или за гласови за изборите. На избори не одат со програма и ветувања за граѓаните, туку со список со луѓе кои што ги вработиле изминатиов период, со нивните семејства од кои што бараат гласови“ , подвлече Андоновски.

- Реклама -