Анџелина Џоли: Уште го сакам поранешниот!

По заедничкото снимање на филмот „Хакери“, Анџелина Џоли се заљуби во својот колега Џони Лиј Милер. Парот се венчаше во 1996 година, но се разделија после три години брак. Сепак, Анџелина тврди дека уште има чувства кон Милер.

– Знам дека звучи необично, но се уште го сакам, вели Џоли. Актерката е блиска и со својот втор сопруг Били Боб Торнтон од кој што се разведе во 2002. година. Во предговорот за неговата биографија, таа напиша дека засекогаш ќе го сака.

- Реклама -