Aнџелина Џоли слета на Балканот

Холивудската актерка  Анџелина Џоли синоќа допатувала во Сараево со британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг во посета на Босна и Херцеговина.

Актерката била специјален гостин на конференција за „Превенција од сексуално насилство при војни“. заедно со британскиот министер за надворешни работи, Вилијам Хег.

„ Прекрасно е да се биде повторно во Сараево. Војниците во регионот имале тешка војна. Тие го разбираат тероризмот што го поминале и знаат дека тие нешта мора да престанат. Нема мир додека жените во светот се силувани во возените зони и додека тоа е оружјето на војната. Долго се сметало дека силувањето на цивили во војна е вообичаено. Но силувањето во војната, како и оружјето, е најлошиот облик на водење на војна. Сексуалното злоставување и силувањето на жените не смее да биде вообичаено оружје во војните низ цел свет“, изјавила Џоли на конференцијата.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Џоли денес ќе замине во Сребреница каде ќе се сретне со мајките на Сребреница и силуваните жени.

- Реклама -