Анџелина Џоли повторно доминантна на црвениот килим

Анџелина Џоли не е само една од најубавите и најсекси жени во светот, туку неспорно е и миленичка на модните критичари поради беспрекорниот стил кој го демонстрира на црвениот килим. 

Погледнете како изгледаше таа на премиерата во Токио.

Анџелина Џоли - модна икона

Анџелина Џоли се појави во Токио на црвениот килим по повод премиерата на филмот „ Господарка на злото” , каде што има главна улога. Актерката повторно беше облечена  во  класичната црна боја, но тоа ни оддалеку не ја правеше досадна и безлична, туку напротив – сексипилна и моќна.

Анџелина Џоли - модна икона

Анџелина Џоли беше облечена во црн кадифен фустан со средна должина, дело на Atelier Versace . Црните високи потпетици од Saint Laurent ја комплементираа нејзината едноставна  и елегантна визија.

Анџелина Џоли - модна икона

Анџелина Џоли - модна икона

Анџелина Џоли - модна икона

 

- Реклама -