Анџелина Џоли донирала 50.000 долари за Србија и Босна

 Анџелина Џоли уплатила 50.000 долари во американскиот Црвен крст за помош во Србија и Босна и Херцеговина.

– Трагично е тоа подрачје, кое преживеало толку многу конфликти и уништување, сега да биде погодено од природна катастрофа од овие размери- рекла Џоли, според американските медиуми.

 

Таа додала дека сочувствува со луѓето кои изгубиле во поплавите.

– Моите мисли се со сите семејства кои ги изгубиле своите домови и чија егзистенција е загрозена. Особено сум загрижена за непосредните опасности за живот кои ги претставуваат мините и останатите експлозивни направи кои се наоѓаат во подрачјата уништени од поплавите во Босна. Меѓународната заедница мора да превземе потребни мерки за да ги обезбеди тие подрачја. Инспиративно е да се видат луѓето од тие земји како се сложни и даваат поддршка на соседите и на граѓаните на својата земја. Време е и ние останатите да го направиме истото и да помогнеме во опорувањето- рекла познатата актерка.

- Реклама -