Анчелоти застана во одбрана на Роналдо: Јас го тренирав две години и немав никаков проблем!

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти застана во одбрана на португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо, кој во претходните денови беше критикуван од јавноста, но и од селекторот Фернандо Сантош.

На Роналдо очигледно не му се допадна тоа што Сантош му даде мала минутажа на дуелот против Јужна Кореја, па го искажа својот револт.

„Во што е проблемот? Не знам, можеби се чувствува како да има 20 години, но тој се грижи за неговото тело во текот на цела кариера и со право се лути. Јас го тренирав две години и никогаш не сум имал проблеми со него. Тренира како што треба, се грижи за секој детал. Мене ми беше лесно да го тренирам, Роналдо е неверојатен фудбалер“, кажа Анчелоти.

- Реклама -