Анчелоти по поразот од Барселона се пожалил на неработата на Мбапе во одбраната

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е незадоволен од настапите на Килијан Мбапе поради тоа што тој не сака да му помага на тимот во одбраната.

Според „Relevo“, Анчелоти се пожалил од играта на Мбапе по поразот од Барселона (0:4) во големото дерби. Според зборовите на кондициските тренери, Мбапе трчал само осум километри по меч и не учествувал во пресингот како другите играчи. Италијанецот исто така истакна дека Мбапе пред првиот примен гол не го нападнал каталонскиот играч за врска Марк Касадо на центарот на теренот, давајќи му можност да му асистира на Роберт Левандовски.

Исто така, забележано е дека поради пасивноста на Французинот, поголем товар на дефанзивни задачи паѓа врз играчот од средниот ред Џуд Белингем.

Прочитајте и:  Реал Мадрид се откажа од привлекувањето на Александер-Арнолд

Во моментов стручниот штаб размислува за начини како да го реши проблемот.

Мбапе игра за кралскиот клуб од летото 2024 година. Оваа сезона 25-годишниот напаѓач има седум гола и две асистенции на 13 натпревари во сите натпреварувања.

- Реклама -