Анчелоти нема да испрати понуда за Бекам

Дејвид Бекам идниот месец ќе стане слободен играч откако и јавно објави дека го напушта тимот на ЛА Галакси по истекот на договорот.

Тоа веќе придонесе да се појават низа шпакулации околу неговата иднина, односно каде ќе ја продолжи својата богата кариера. Иако е веќе ветеран, има голем интерес за услугите на Бекам, а се појави информација дека најсериозен клуб за негов ангажман повторно е Париз Сен Жермен.

Но, тренерот на ПСЖ, Карло Анчелоти ги демантира ваквите наводи: „Париз Сен Жермен нема испратено понуда за ангажман на Дејвид Бекам. Му посакуваме сѐ најдобро во неговата кариера“.

- Реклама -