Ќерката на српската фолк ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ, сака да стави силикони на градите.
Таа изјави дека ќе го направи тоа, иако знае дека ако ја праша својата мајка дали да стави силикони, она не би се согласила. Но, сепак Анастасија мисли дека за неколку години таа ќе се солгаси и ќе ја поддржи.
По социјалните мрежи веќе некое време се вртат коментари дека Анастасија ги зголемила своите усни. Таа го негираше тоа, и изјави дека тоа не е вистина, дека нејзините усни се природно убави.
Дали оваа тинејџерска ѕвезда ќе продолжи по стапките на својата мајка или не, ќе дознаеме наскоро.