„Не знам зошто толку навреда околу зборот ‘педep’, не го измисли Заев, секој еден од нас го користи тој збор, голем педep си не ја заврши работата, ова почесто се користи во секој дневието, да. не кажам колку навреди имаше лично за мене, Циган никаквец, итн, никој не региравте, сега кога Заев кажа народски и се извини на ЛГБТ групата пред да каже, незнам што е толкава паника, бил Премиер и не требал со таков вокабулар, па и тој е човек од Народот, и нормално дека ќе каже некој збор народски, ништо ново не измисли, и тоа се однесува за поединец, а се знае за кого“, коментира пратеникот на ПЦЕР (Партија за целосна еманципација на Ромите) – Самка Ибраимоски, на Фејсбук.
Според него, премиерот Заев се бори за расчистување со криминалците, а случајот „Рекет“ е само смислено сценарио што треба да ја помати таа цел:
„На крајот Заев е Премиер, се бори за расчистување со Криминалците, и ова сценарио што е направено треба да се најде Режисерот, и се ќе биде јасно кој се е замешан во Рекет, а од каде на мајкаму на Италијанецот видео снимки се знае Апашот Камчев ги има дадено само да се наштети на СЈО и да добие во време за неговиот предмет Империја да застари и Милијардите евра да му останат нему и на Вмро Дпмне“, констатира Ибраимоски.