Пејачката Анабела Атијас ги повлекла сите тужби против поранешниот сопруг Гаги Џогани, но го побарала во возврат да го препише својот стан на нивната ќерка Луна.
Всушност, Анабела одлучила да му ја прости сета алиментација на Гаги која не ја плаќал, но затоа го барала неговиот стан.
За возврат, тој ќе мора да го препише станот на својата ќерка Луна за да си ги расчистат сметките- открива извор близок на пејачот за српските медиуми, додека пак Гаги ги потврдил овие приказни.
– Точно сте слушнале, Се разбира дека ќе го препишам станот на детето. Па на кого ако не на моите ќерки? За кого работам? За комшијата сигурно не- рекол Гаги.