Парадата на гордоста во Белград се одвиваше мирно и без инциденти, но и со помалку обезбедување во однос на претходните години.
Учесниците ги предводеше спрската премиерка Ана Брнабиќ, а од јавните личности од политиката се појавија и министерот за труд Зоран Ѓорѓевиќ и министерот за државна администрација, Бранко Ружиќ.
Присутни беа амбасадорите на САД Кајл Скот, на Франција Фредерик Мондолони, на Норвешка Арне Сане Бјорнстад, шефот на делегацијата на ЕУ во Србија Сем Фабрици.