Ампева за протестот на текстилните работнички: Се pacплакав кога видов колку многу дојдоа

Во време кога на сѐ и сешто му се придава придавката „историско“ – од Преспански договор па до покачувањата на платите на просветните, а вчера и на здравствените работници, она што навистина може да се рече дека е од историско значење е протестот на текстилните работници одржан во неделата во организација на граѓанското здружение „Гласен текстилец“.

Во интервју за „Слободен печат“, претседателката на здружението – Кристина Ампева, која е и најзаслужна за протестот, вели дека истиот е историски затоа што за првпат работничките се осмелиле во толкав голем број – околу 300, да застанат во одбрана на своите работнички права.

 

Ампева признава дека оваа, се чини, (ќе си дозволиме да речеме) промена во свеста, ја доживеала многу емотивно:

„Се pacплакав кога видов колку работнички се осмелија да протестираат, со што практично јавно го прикажаа своето незадоволство и пред своите работодавци“, вели таа за „Слободен печат“.

Ампева додава и дека до моментов нема ниту една поплака од работничките кои протестираа за евентуални притисоци од страна на работодавачот. Добро е што е така, бидејќи во спротивно Ампева најавува преземање на сите потребни мерки за таквиот работодавец да биде казнет, затоа што правото на протест им е загарантирано право на работниците, особено кога и од самиот Кластер за текстил признаваат дека имаат сознанија дека во одредени текстилни компании газдите сериозно ги кpшат правата дури и на вработените со инвaлидитeт, за кои, патем, добиваат субвенции. Прочитајте ТУКА.

 

- Реклама -