Навивачите на Манчестер Јунајтед со големо воодушевување го дочекаа новиот стратег Рубен Аморим, полни со надеж дека тој ќе го врати тимот на старите победнички патеки. Но, неговото пристигнување на „Олд Трафорд“ не го донесе очекуваното освежување, а тимот продолжи да се соочува со променлива форма и несигурни резултати.
Под водството на Аморим, Јунајтед не успеа да ја пронајде потребната стабилност, што јасно се одрази на нивниот учинок во последните 12 натпревари – осум од нив завршија со пораз. Оваа серија негативни резултати го доведе португалскиот стручњак до несакана статистика, поставувајќи нов неславен рекорд како тренер со најлош почеток во историјата на клубот по заминувањето на Сер Алекс Фергусон.
Во своите први 14 дуели во Премиерлигата, Аморим освои само 14 бодови, што е послаб учинок од сите негови претходници како Жозе Мурињо, Дејвид Мојс, Луј ван Гал, Ралф Рангник, Ерик тен Хаг и Оле Гунар Солшер.Секој од нив успеал да оствари подобри резултати во своите почетни денови на клупата на „црвените ѓаволи“.




