Американците работат на авион со ласерско наоружување

Компанијата „Nortrop Gruman“ открива фасинантни фотографии од новиот невидлив „суперџет“, способен за испалување на ласерското оружје.

amavion

За така наречената „шеста генерација борци“ се зборува дека ќе лета со суперсонична брзина, иако американската компанија која го развива концептот вели дека спецификациите сè уште се тајна.

Се очекува оваа летало да користи напредни системи за ладење, за да ги прикрие своите ласерски системи.

Крис Фернандез, потпретседател за истражување, технологија и напреден дизајн, вели дека овој борец ќе има голем домет затоа што ќе има многу бази од кои би можел да оперира во иностраството. Ќе мора да има доста оружје, а преживувањето ќе биде клучно.

„Nortrop Gruman“ има два дизајнерски тима кои работат на новиот авион, но не сакаат да дискутираат за неговата брзина, затоа што мора да почекаат појасни упатства од Пентагон во иднина.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

Се очекува леталото да започне да се користи од 2030 година.

- Реклама -