Американците ги поминаа Швајцарците и се најбогати на светот, останатите земји далеку зад нив

Американците ги поминаа Швајцарците и сега се најбогатата нација. Во остатокот од светот, пак, богатствотопостепено „се топи“.

Според најновиот извештај за глобално богатство на германската осигурителна компанија Allianz, просекот на нето финансиски средства кај Американците во 2018-та изнесувал 184.411 евра по глава на жител, за разлика од 173.838 евра по глава на жител во Швајцарија.

Подемот на САД кон самиот врв на листата на најбогатите нации главно се должи на вредносната моќ на доларот, како и на американските домаќинства како главен двигател на порастот на глобалниот проток на средства. Имено, две третини од сите заштеди во индустријализираните земји потекнуваат од САД, велат од Allianz.

Во извештајот се наведува и дека новата заштеда забележала глобален рекорд, со оглед дека пораснала за 22%, односно на повеќе од 2.700 милијарди евра. Таквата бројка ѝ се припишува на даночната реформа во САД, со која граѓаните на САД го зголемија новите заштеди за 46%.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

Иако САД се на самиот врв во извештајот на Allianz, Швајцарија останува на првото место кога се работи за бруто финансиски средства по глава на жител, со цифра од 266.318 евра, за разлика од САД, каде тој број изнесува 227.364 евра по глава на жител.

И Швајцарија и САД се, од друга страна, далеку пред третопласираниот Сингапур, каде вкупното нето финансиско богатство по глава на жител изнесува само 100.370 долари.

Генерално гледано, извештајот на Allianz е прилично песимистичен во поглед на перспективата на глобалното богатство, а укажува и на пад на растот на глобалното финансиско богатство во 2018-та, за 0.1%, што е првпат по финансиската криза од 2008 година. Тоа ѝ се припишува на трговската војна меѓу САД и Кина, како и неизвесноста околу Брегзит, поради кои дојде до зголемување на геополитичките тензии и „заострување на монетарните услови“.

 

- Реклама -