Американската компанија JD Power and Associates направи нова листа за производителите кои нудат најквалитетни автомобили. Првото место повторно е за Porsche, а вистинско изненадување претставува второ на Kia, која пред една година беше на седмата позиција.Рангирањето е направено по консултации со 84.000 сопственици на нови автомобили во САД. Тие требаше да одговорат на 223 прашања за проблеми со кои се соочиле во текот на првите 90 дена по купувањето на возилото. Врз основа на одговорите е составена листа со просечното количество дефекти или оштетувања на автомобили од даден модел.
Марката Porsche е лидер во рангирањето трета година по ред, со резултат – 80 дефекти на 100 возила. На последна позиција на листата е Fiat, при чии машини дефектите се два пати повеќе – 161 на 100 единици.
Во одделните сегменти лидери се General Motors, Nissan и Hyundai, чии модели заработија првото место во своите класи. Анкетата исто така покажува дека најголеми проблеми за сопствениците на нови автомобили создаваат мултимедијалните инфо-системи. Но, сепак и покрај ова, интересот за овие технологии во автомобилите продолжува да се зголемува.