Американсите претседатели се потомци на кралот Џон (видео)

Американсите претседатели се потомци на кралот Џон (видео)Ученичка од седмо одделение открила дека сите американски претседатели, освен Мартин ван Бурен, водат потекло од еден заеднички предок – кралот на Англија Џон „Лакленд“ Плантаџент, потписникот на Магна Карта.

Бриџен Давињон е девојчето што го направило ова откритие, откако добило училишна задача да направи сопствено семејно дрво. Откако завршила, започнала со барање на корените на Џорџ Вашингтон, првиот претседател на САД, а потоа и на сите останати претседатели, завршувајќи со сегашниот, Барак Обама. Резултатот што го добила е неверојатен – сите претседатели, освен Мартин ван Бурен се потомци на англискиот крал Џон.

Она што е различно за истражувањето на Бриџен во споредба со стандардните генеолошки истражувања е тоа што таа ги следела и женските линии, кои вообичаено не се следат. Младата ученичка е возбудена од ова откритие и се надева дека тоа ќе ѝ помогне во остварувањето на желбата – да се сретне со претседателот Обама, за кого се испоставило дека е и нејзин далечен братучед. 

{youtube}ta6PxbEH_3A{/youtube}

- Реклама -