Американските научници испратија писмо до Белата куќа во кое тврдат дека по сѐ изгледа коронавирусот нема да исчезне со доаѓањето на топлото време. Со тоа го демантираат американскиот претседател Доналд Трамп, кој уверува дека „кога ќе стане потопло, вирусот чудесно ќе исчезне“.
Во писмото, членовите на Националната академија на науки наведуваат дека податоците за тоа како студеното и потоплото време влијаат на коронавирусот не се конкретни. Потенцираат дека дури и ако потоплото време влијае на вирусот, тоа влијание би било во мала мера, со оглед дека само малку луѓе во светот досега се станати имуни на вирусот.
„Постојат некои докази кои укажуваат на тоа дека коронавирусот може побавно да се пренесува во услови со повисока температура и влага. Меѓутоа, со оглед на глобалниот недостаток на имунитет, ова намалување на ефективноста на преносот не може да доведе до значајно намалување на ширењето на болеста без придржување до строгите мерки“, се наведува во писмото.
Во писмото се посочува и на студија за епидемијата во Кина, која покажува дека вирусот експоненцијално се ширел дури и во услови на максимални температури. Притоа, секое заpaзено лице го пренело на две други лица.
Д-р Вилијам Шафнер, специјалист за заpaзни болecти на Универзитетот Вандербилт, вели:
„Иако можеме да се надеваме дека времето ќе допринесе за успорување на ширењето на вирусот, не можеме да се потпреме само на тоа. Мораме и понатаму да применуваме социјално дистанцирање и други мерки за намалување на преносот“.
„Многу мислат дека вирусот ќе исчезне во април, со доаѓање на потоплото време. Вирусите, инаку, исчезнуваат во април“, пишуваше Доналд Трамп до писмо до гувернерите.
Истото го најави и на политички собир во Њу Хемпшир:
„Изгледа дека вирусот ќе исчезне во април. Познато ви е дека кога станува малку потопло, вирусите чудесно исчезнуваат“.