Амбасадата на САД денеска на Твитер ја поздрави пресудата за Владимир Панчевски, поранешен претседател на Кривичниот суд, обвинет за злоупотреба на АКМИС системот за доделување на предмети.
Пресудата на Панчевски му беше изречена синоќа, по завршување на рочиштето кое траше повеќе од десет часа. Велешкиот суд го прогласи за виновен и го осуди на 3.5 години затвор.
Од Американската амбасада порачаа дека ова е чекор напред:
„Соопштението на велешкиот Основен суд дека поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје – Владимир Панчевски, е осуден на три и пол години затвор за злоупотреби на АКМИС, е позитивен чекор напред за барање одговорност за оние што обвинети за поткопување на независноста на судството“, порача од Амбасадата.
The Veles Basic Court announcement that former Skopje Criminal Court President Vladimir Pancevski was sentenced to 3.5 years in prison for misusing ACCMIS is a positive step forward in seeking accountability for those accused of undermining judicial independence. https://t.co/iU2FEoxkPf
— U.S. Embassy North Macedonia (@USEmbassySkopje) August 5, 2020