Американец прави рецензија на половно Југо – „Најлошиот автомобил некогаш произведен“

jugo_najgori[1]

За помладите што не знаат, Југо – некогашната гордост на автомобилската индустрија на СФРЈ, едно време се извезуваше и во САД. И никогаш не беше нешто посебно популарно.

Југо беше рекламиран како модерен автомобил на крагуевската Zastava, и реално не беше толку лош како за автомобил произведен под „челичната завеса“. Сепак, факт е дека Југо како автомобил никогаш не беше конкурентен со развиените пазари и дека секој во СФРЈ што беше финансиски способен – преферираше автомобил од западно производство.

Иако не беше ни приближно популарно како на овие простори, денес некои постари Американци уште се сеќаваат на легендарното Југо, кое во текот на 80-тите во САД го увезуваше Малколм Бриклин – човекот кој на Америка ѝ го донесе и Субару. Што се однесува до Југо, тој сметал дека малиот и евтин автомобил ќе биде идеален за тамошните студенти и другите Американци со послаба платежна моќ.

Меѓутоа, Југо не им се допадна на Американците ни тогаш, а камо ли денес, како што може да се види од ова видео на Даг ДеМура – новинар по автомобилизам од магазинот за половни возила Autotrader. Тој го нарекува „најлошиот автомобил некогаш направен“. Меѓу аргументите му е и тоа дека EPA (Американската агенција за заштита на животната средина) во 1992 му наредува на Југо да ги повлече сите произведени автомобили, од причина што премногу загадуваат.

Во конкретниов случај, пак, ДеМура почнува со вовед во стандардните карактеристики на речиси секое половно Југо: видливи жици, расипан брзинометар, расипана километража, расипана свирка, расипан индикатор за гориво, расипани бришачи, па и заглавен пепелник. Очигледно млад, на моменти ДеМура делува престрог и по малку разгален во критиките, но со оглед на тоа дека Југо не беше конкурентен ни во времето кога беше произведен, не може да му се замери. Зборуваме за време кога во кое современици на патиштата му беа Порше 959, Acura NSX, Ферари F40…

Земено сето на куп, ДеМура го категоризира Југото како нешто „меѓу нормален автомобил и месечна автобуска карта“, со тоа што „на месечната карта повеќе можете да се потпрете“. Сепак, кога конечно почнува да го вози, се забавува како никогаш дотогаш:

- Реклама -