„Америка веќе ве истражи“: Ако Али Ахмети е убеден во невиноста, тој и Мерко нека си дадат оставка – бара Касами

Претседателот на Движењето Беса Биљал Касами денеска на прес-конференција побара Али Ахмети заедно со Рамиз Мерко да поднесе оставка и да остават, како што рече, место за истрага. Според Касами, сите ставови кои власта ги истакнува за спроведување на правдата се манипулација.

„Како да не беше доволна истрагата што ја направија нашите американски пријатели и откривањето на злоупотребите на Рамиз Мерко, Али Ахмети вчера ни одржа лекција, велејќи дека Мерко треба да го гони и Обвинителството. И како тоа да не беше доволно, истото Ахмети го кажа и за неговиот внук Дрин Ахмети, кој преку ноќ стана милионер, без да знае како, чиниш некој тоа му го подарил“, рече Касами.

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно

Народот, како што рече, веќе не ги прифаќа вашите манипулации.

„Америка веќе ве истражи и ги стави вашите на црната листа. Народот ве суди и даде доверба од само 4 проценти, на правдата за која постојано зборувате. И да знаете дека народот ќе ве казни на следниве избори. Ако сте толку убедени во вашата невиност, тогаш поднесете оставка заедно со Мерко и вашите функционери и отворете пат за вистинска истрага. Но, знаеме дека тоа не можете да го направите. На крајот, народот ќе ви даде најдобра пресуда“, истакна Касами.

Лидерот на Беса рече дека државните институции се под влијание на владејачката партија.

МИА

- Реклама -