Америка под вода (фото)

Користејќи мапи од порастот на нивото на океанот на Клајмат Централ, организација што се занимава со истражувањњто на климатските промени,  Николај Лам илустрираше како би можеле да изгледаат под 1.5, 3.5  и осум метри вода некои од најпознатите дестинации во САД.

Николај Лам, 24-годишен истражувач и уметник од Питсбург, направи серија фото илустрации на поплавените американски градови. Се проценува дека нивото на океанот ќе порасне за два метри до 2100 година. Како што ќе растат температурите и поларниот мраз ќе се топи, океаните би можеле да пораснат за шест до девет метри.

Лам се надева дека илустрациите ќе го привлечат вниманието на јавноста за последиците од климатските промени.

 

- Реклама -