Сакате да го трансформирате постоечкиот iPhone во направа која ќе ве направи популарни на забава, во друштво или на некое место каде што е потребна добра музика?
Сакате да го трансформирате постоечкиот iPhone во направа која ќе ве направи популарни на забава, во друштво или на некое место каде што е потребна добра музика?
Ова е првата вистинска апликација за диџеи која работи на iPhone/iPod touch. Цената на овој DJ програм е $19.99, па доколку го купите ќе може независно да манипулирате со MP3 или M4A фајлови, вклучувајќи скречање, loop, позиционирање, нормализирање, ефекти и пичинг.
За визуелното миксање неопходно е многу притискање и лизгање, преку корисничкиот интерфејс на екранот кој делува сосема елегантно.
Голем минус во моментов е изоставената опција да се преземе музика од базата на iTunes. Но, вистинските диџеи си носат музика со себе, па веруваме дека ова нема да претставува проблем за вас.
{youtube}lWAFxeHpmvs{/youtube}