Амди изгубен во преводот: Северна Република Македонија = Сојуз на Ромите на Македонија (ВИДЕО)

Традиционалниот Ромски бал годинава пратеникот Амди Бајрам го отвори со честитка за новото име на државата, поистоветувајќи ја кратенката на името – „СРМ“, со таа на Сојуз на Ромите на Македонија – партијата на која Амди е претседател.

Ако нешто не ви штима во муабетот, во прашање е тоа што Амди упорно го греши новото име и го кажува со погрешен редослед – наместо Република Северна Македонија, за него сме Северна Република Македонија.

Тоа што Амди не знае што изгласал воопшто не изненадува, и покрај фактот што новото име, како што самиот соопшти, било негова визија уште од 1996 година.

Ако се сеќавате, не му е ни првпат (КЛИК).

- Реклама -