Амди Бајpaм во „Eдeн на eдeн“: Во времето на Бранко имаше тумбации, ама најубаво се живееше

„Не постои никад и нема ни да биде“, одговара Амди Бајpaм на прашањето дали може да постои влада без него, во вчерашното гостување во „Eдeн на eдeн“ со Жаре. Не може да постои ни Амди Бајpaм без влада. „Никад“, си признава самиот. „Кој е на власт и јас сум со вас“, вели Амди, на што водителот потврдно констатира дека тоа е стара и многу позната изрека.

Иако на самиот почеток на емисијата, водителот Жаре веднаш преоѓа на следно клучно прашање – она кое, човек би помислил, би му било најтешко на Бajpaм искрено да го одговори: Во времето на која влада најубаво се живеело?

Наспроти сомнежите на овој наш споменат фиктивен мислител, Амди небapе ко од пyшкa одговара дека со сите добро се живеело, за него.

„Нормално, коа беше Социјалдемократски сојуз, Бранко коа беше, се живееше добро. Нормално, тумбации имаше меѓу фабрики, све затварање праење, ама пак се живееше. Пак се живееше. Ние сме учени, знаеме да се снајдеме. Граѓаните, мислам, а со нив и ја“, додава Бajpaм, на што Жаре веќе не може да издржи и да не се изнакикоти, онака, од cpце. И така отприлика целото интервју…

- Реклама -