Амбасадата на САД со предупредување за зголемен криминал и дојави за бомби во земјава во празничниот период

Амбасадата на САД издаде безбедносно известување за американските граѓани поради „потенцијалот за зголемен криминал за време на празниците и тековните закани со бомби ширум Северна Македонија“.

Со оглед на раздвиженоста и толпите што се формираат на новогодишните пазари, трговските центри и други јавни места, Амбасадата на САД ги потсетува американските граѓани да бидат свесни за своето опкружување, бидејќи, како што се вели, можно е зголемување на џебните кражби и други поситни криминали.

„Исто така имаше и зголемување во пријавени закани со бомби повеќе пати неделно ширум Скопје и регионот, на јавни транзитни станици, аеродроми, хотели, шопинг центри, спортски центри и училишта“, предупредуваат од Амбасадата, потенцирајќи, сепак, дека полицијата ја истражувала секоја закана и секоја од нив досега била лажна.

„Доколку се најдете на локација на која има дојава за бомба, следете ги упатствата на лицата одговорни за безбедноста и полицијата“, апелираат од Амбасадата.

Пред неколку дена, предупредување до своите граѓани во однос на дојавите за бомби упати и германското МНР.

- Реклама -